9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабава5-ГОДИШНО МОМЧЕ ДОБИВА ПРОТЕТИЧКА РАКА И ЗА ПРВ ПАТ МОЖЕ ДА ГО...

5-ГОДИШНО МОМЧЕ ДОБИВА ПРОТЕТИЧКА РАКА И ЗА ПРВ ПАТ МОЖЕ ДА ГО ПРЕГРНЕ СВОЈОТ БРАТ

spot_imgspot_img

Кога Џејкоб се родил осум седмици порано, докторите веднаш забележале дека му недостасува левата рака. Неговите родители собрале 16.000 фунти фунти за да му овозможат на своето дете функционална рака. NHS и повеќето компании сметаат дека функционирањето на протетиката не е опција кога екстремитетот завршува над лактот.

Тогаш се појавил Бен Рајан, дизајнирајќи рака за петгодишниот Џејкоб. Неговиот син имал ампутација на раката кога бил стар само десет денови. Кога тоа се случило, тој ја напуштил работата како професор по психологија и ја основал компанијата „Амбионикс“ со цел да развие специјална хидраулична протеза.

„Амбионикс“ неодамна се спои со полската фирма „Глејз“, која изработува протези, а Џејкоб бил еден од нивните први клиенти.

Семејството посакувало механизам со чија помош лактот ќе може да се постави на различни позиции, кој ќе има механизам за фаќање и модуларна рака што може да се размени за други алатки. 

Џејкоб сега има нова рака. Таа совршено се вклопила и функционалноста ги надминала сите очекувања.

„Сега тој може да го гушне брат му и да го држи за рака“, објаснил Рајан.

Мајката на Џејкоб вели дека било прекрасно да се види нејзиниот син со рака. Таа додава дека момчето е навистина задоволно со новата протеза. Објаснила дека детето не сакало протеза која не е функционална, а дека вештачката рака е зелена бидејќи тој сакал да биде поразлична од сите други.

СРЕЌА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...