16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаНа лудилата им нема крај: Oд Вмро Дпмне го обвинуваат градоначалникот Ногачески...

На лудилата им нема крај: Oд Вмро Дпмне го обвинуваат градоначалникот Ногачески бидеќи поставил сигурносни камери во општината !!

Факт е и очигледно дека симпатизерите и членовите на Вмро Дпмне не можат да пронајдат грешка и забелешка во двегодишното работење на градоначалникот Ногачески, па сега со клевети и смешни вести сакаат да му го нарушат угледот и неговата чесна работа пишуваќи зошто поставил сигурносни камери во општината…

Нивната реакција гласи вака:

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца со реакција во врска со работењето на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

„Граѓаните на општина Дебрца во очекување се градоначалникот да излезе со најнов facebook статус “Моментот кога го вклучувам видео надзорот во Општината”, како што тоа го направи пред две и повеќе години кога ги исклучуваше, велејќи “никој во општинската зграда нема и не смее да биде под видео надзор”, а имајќи го во предвид тоа што градоначалникот во заминување пред извесно време во општинската зграда постави најсовремен видео надзор, спротивно од тоа што го ветуваше кога дојде на функција.

Ногачески не би бил тој доколку не им одговори за најбрзо време преку фејзбук статус, како што гласеше и нивното барање…

Фала Ви што се јавивте.
Со небулоза. Демек со тоа што општинската зграда во Белчишта била под видео надзор ( од чисто безбедносни причини ) паднала “слободата и многу граѓани биле вознемирени”.
Ај Ви се молам !
Колку беше слободна и отворена општина Дебрца за време на четири и пол годишното владеење на Игор Трајкоски, а колку за време на моето двегодишно практикување на локалната власт лесно можете да проверите. Само прашајте ги граѓаните, сите граѓани без оглед на партиската определба и вработените во општинската администрација, и тие без оглед на партиската определба.
Знам дека Ве тераат нешто да напишете. Ве разбирам, избори се ближат. Ама ако морате, дај пишувајте за општинските проекти, критикувајте ако веќе морате за нив.
П.С. Деновиве завршивме со ревизијата на финансиското работење на мојот претходник. За бргу и Вие и граѓаните ќе видите за што се се трошеле општинските пари и како се практикувала локалната власт.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...