9.6 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабава„Го изневерив партнерот од досада, сега сум во паника бидејќи забременив...“

„Го изневерив партнерот од досада, сега сум во паника бидејќи забременив…“

spot_imgspot_img

Една девојка на порталот „The Sun“ му се пожалила на психологот дека од чиста досада и глупост, направила грешка – неверство, поради што сега е во паника.

„Во врската ми стана малку здодевно, па почнав да се гледам со колега од работа. Сега сум во паника бидејќи дознав дека сум бремена“, ја започнала својата исповед девојката.

„Со момчето сум во врска уште од средно училиште. Имаме 27 години и почнавме да живееме заедно. Сепак, тој стана малку здодевен, секоја вечер игра игри со пријателите. Мислам дека сексуално не го привлекувам и во последно време немаме често сексуални односи. Пред некое време почнав да забележувам еден колега со кој соработував на еден проект. После успешно завршената работа, една вечер после работа отидовме во паб и малку се напивме. Тој ме испрати до дома, каде на прагот неочекувано ме бакна. Со оглед дека мојот партнер не беше дома тој викенд, останавме кај мене во станот. Следниот ден повторно се видовме. Сексот со него беше неверојатен“, напишала таа и додала дека после неколку денови дознала дека е бремена и дека не знае што да прави, бидејќи имала интимен однос и со своето момче и со колегата од работа.

Психологот на „The Sun“ го одговорил следново:

„Дури и вашето момче да е татко на детето, врската не звучи квалитетно. Размислете убаво, дали навистина би сакале да имате дете со него?

Колегата ужива во таен секс со вас, но дали воопшто му се допаѓа идејата да има дете со вас?

Татковството нема да може да го докажете додека не се роди детето. Доколку ниеден маж не сака да го ‘преземе’ детето, дали ќе може да се носите со тоа да сте самохрана мајка? Потребна ви е помош за да одлучите на кој начин ќе се носите со оваа дилема. Пред да одлучите било што, мора да поразговарате со некој“, заклучил психологот.

Превземено од Точка прочитајте повеќе тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...