16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаВо ова струмичко село некој нема капка вода за пиење, заради што...

Во ова струмичко село некој нема капка вода за пиење, заради што некои жители си ги наводнуваат нивите..

spot_imgspot_img

Во шишиња и туби, жителите на струмичко Банско цела недела носат вода за пиење и одржување хигиена во своите домови, оти несовесни соселани водата од локалниот водовод ја трошат за наводнување ниви и пластеници. Тие денеска реагираа и побараа да се лоцираат несовесните соселани, бидејќи, како што кажаа, не е во ред на температури над 40 степени да се нема вода дома. Сега тие се принудени да чекаат ред на селската чешма или да одат по нивите, каде што имаат пумпи за наводнување.

„Со туби и шишиња носиме од нивите или од чешмата, која е од природен извор, ама слабо тече. Имам три внучиња, не можеме да се испереме. Секој ден со колички носеме вода во домовите, а плаќаме за водовод. Цела недела е така. Срамно е да се нема вода, а ние сме замјоделци кои секојдневно сме по нивите. Мора да интервенираат надлежните и да ги пронајдат дивоприклучените, но и да ги санкционираат оние кои од селскиот водовод наводнуваат“, реагираше Гоце Трнов од Банско.

Од струмички „Комуналец“ потврдија дека имаат проблем со водоснабдувањето во ова населено место. Велат дека тоа е резултат на несовесно и неодговорно трошење на водата, со што тешко се полнат резервоарите, а во дистрибутивната мрежа нема вода или пак е со мал притисок во долните делови од селото.

„Ние сме на терен и се обидуваме да ги отстраниме аномалиите, за да се обезбеди нормално водоснабдување на жителите на Банско. Ги отстрануваме дивите приклучоци на водоводот, но тешко може да се утврди од каде се наводнува, дали од селскиот водовод или од некои бушотини“, изјави Тоди Стојанов од ЈП „Комуналец“.

Оттаму велат дека ќе ги зајакнат контролите за да може Банско, кое брои околу 2.000 жители, да има вода за пиење.

В. ТРАЈКОВ СДК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...