11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЈЗУ Здравствен Дом – Скопје со реакција: Докторот е избркан бидејќи три...

ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје со реакција: Докторот е избркан бидејќи три дена не беше појавен на работа, а не поради згрешената табла што ја сликал.

spot_imgspot_img

Во интерес на објективното информирање на јавноста, изјавуваме дека д-р Мирослав Гроздановски од 30.7.2021 година не е вработен во Службата за неврологија при ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје поради тоа што докторот по своја волја, односно самоиницијативно од 26.7.2021 година до 28.7.2021 година, три дена не се појавил на работното место специјалист невролог, стои во реакцијата на ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје на денешната објава на „Слободен печат“ со наслов „Оти укажа на грешка: Д-р Гроздановски доби отказ на три години до пензија“.

Информираме дека д-р Гроздановски беше вработен во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје како специјалист по неврологија и неговото прераспоредување во друга поликлиника не е воопшто поврзано со фотографираната погрешна табла(како што тој наведува), туку заради потреба од специјалистички услуги од овој тип во Поликлиника Бит-пазар во која неколку месеци нема специјалист невролог, а на истото подрачје здравствената услуга од овој тип е неопходна.

Во ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје, согласно Статутот и организацијата на Домот, лекарите се распределeни по Служби, а не по поликлиники, и за потребите на Домот се распределуваат во поликлиники каде е потребно, сѐ со цел сите здравствени услуги да се достапни на граѓаните на сите подрачја на територија на град Скопје и околните места, реагираат од ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје.

 

 

 

– По добиеното известување на 29.7.2021 г. од Раководителот на Службата за неговото неоправдано отсуство, институцијата мораше да постапи согласно законските обврски.

слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...