13.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаЛекарите апелираат, итно да се затворат училиштата

Лекарите апелираат, итно да се затворат училиштата

spot_imgspot_img

Бројот на заразени ученици расте, а лекарите апелираат итно да се затворат училиштата. Протоколите кои ги донесе Комисијата за заразни болести, заедно со МОН, не се доволни, а потребно е тестирање на учениците и наставниот кадар.

„Имам млади пациенти со ковид, и основци и средношколци. Има случаи каде поради неможност да се тестираат, бидејќи нема термини, седат дома и сами се изолираат. Вирусот брзо се шири во училиштата и затоа треба под итно да се затворат. Јасно е дека кај децата вирусот се манифестира со полесна клиничка слика во 80% но останатите 20% развиваат висока температура, д-димерите им се покажуваат а некои дури имаат потреба од хоспитализација и кислорот. Освен носење маски, во училиштата не се почитува ни една друга мерка, а тоа е уште полошо за нивното здравје, бидејќи носење маска подолго време им предизвикува главоболки“ – вели др. Весна Стојанова Атанасова која работи со ковид пациенти.

За хаосот во училиштата алармираше и Народниот правобранител –кој до МОН испрати допис со сите поплаки од родители и ученици за реализацијата на наставата. Долгите часови поминати со маска во училница на децата им преставува проблем, а во одредени училишта родителите се принудени самите да купуваат средства за хигиена во тоалетите. Министерката не ги зеде овие апели здраво – за готово. Според неа, Комисијата е таа која треба да одлучи како понатаму ќе се одвива наставата.
Дека се потребни дополнителни мерки, покажува и барањето на Детската амбасада Меѓаши која реагираше за нетранспарентност на МОН. Оттаму побараа да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата и наставата да се одвива на отворено додека дозволуваат временските услови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...