7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаКОД: 42-ца Тајванци вршеле измами по телефон, работеле во импровизираните кол центри...

КОД: 42-ца Тајванци вршеле измами по телефон, работеле во импровизираните кол центри и од тука врбувале луѓе во Азија

spot_imgspot_img

Македонија била одбрана само како поволна локација од каде 42-ца Тајванци ќе вршат измами по телефон, работеле во импровизираните кол центри и од тука врбувале луѓе во Азија. Заложници, држени под присила, млади од далечна земја, во Mакедонија биле жртви на трговија со луѓе, но од тајванските власти осомничени за измами со пари. Тука никој со месеци не ги забележал.

Вкупно биле приведени 42 ца и тоа во една од куќите биле сместени 13 а во друга 29 тајванци. Се работело за луксузни вили кои според она што е објавено подоцна во тајванските медиуми една од нив имала и базен.

Но полицајците затекнале хаос, луѓе кои спијат на душеци по земја стуткани еден до друг, а дури и дел од храната и лековите кои биле затекнати биле донесени од Тајван. Опремета која ја користеле за јавување во нивната земја или Кина исто така била донесена од таму.

При претресот биле запленети 62 мобилни телефони, 35 сим картички, лаптоп таблет двд плеер пасоши и 30 илјади евра.

Во КОД вечерва и за ерменската дипломатска афера, зошто дипломатите на МНР се однесувале како тајни агенти, поради што се криеше најголемиот скандал на македонската дипломатија, кои се вклучените луѓе во аферата која е откриена откако дипломат од Македонија е уапсен во Врање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...