18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаЗабаваВо Израел се одржа Мис Холокауст, а победи 86 годишна жена

Во Израел се одржа Мис Холокауст, а победи 86 годишна жена

spot_imgspot_img

Необичен избор е одржан во Израел. Салина Стајнфелд (86) е избрана за Мис Холокауст 2021 на ова традиционално несекојдневно натпреварување.

“Мора да бидеме силни, да се грижиме за себе и најважното меѓусебно да си помагаме. Помогнете им на оние на кои им е потребна помош”, рекла Стајнфелд.

Според изјавата на организаторите и покрај годините кои ги има, Стајнфелд најмалку еднаш неделно ги посетува старите и изнемоштени лица.

Родена е во 1935 година во романски град каде во 1941 година била нападата од нацисти. Живеела со родителите, браќата и бабата. Во 1948 година се преселила во Израел, се омажила и добила три деца. Денес има седум внуци и двајца правнуци.

“Тоа е мојата лична победа над нацистите”, рекла таа.

На натпреварувањето се пријавиле неколку стотина кандидати од кои биле избрани десетмина финалисти. Гледачите ја избрале по пат на онлајн гласање.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...