6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаАрсовска најавува референдум: БРТ или 250 нови еко-автобуси, граѓаните нека одлучат.

Арсовска најавува референдум: БРТ или 250 нови еко-автобуси, граѓаните нека одлучат.

spot_imgspot_img

Дали граѓаните на Скопје на референдум ќе решаваат дали се за проектот „Автобуско метро“ односно „Бас рапид транзит“ (БРТ) или за купување 250 нови еко-автобуси?

Судејќи според она што таа го кажа вечерва во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, не е исклучена можноста прв пат после долго време скопјани за едно важно прашање за животот во градот да решаваат по пат на непосредно изјаснување.

Проектот „Автобуско метро“ почна да го подготвува градоначалникот Петре Шилегов, но тој ги изгуби локалните озбори. Арсовска го критикуваше неговиот проект како скап и неодржлив. Во емисијата „Само интервју“ таа ги повтори најважните аргументи против овој проект и повтори дека останува на идејата за набавка на нови 250 еко-автобуси.

Но, Арсовска е подготвена одлуката да им ја препушти на граѓаните.

– За БРТ превозот не постои ниту презентација пред Советот на град Скопје, а и одлука на Совет на Град Скопје, а тие се претставниците на граѓаните во градот. Презеле обврска дека ќе потрошат 70 милиони евра, а Советот не донел одлука, изјави Арсовска, додавајќи дека ниту скопјани се прашани, ниту запознаени за истото.

Таа додаде дека постојат и ризици од овој проект и граѓаните треба да знаат зошто БРТ не е најдобро решение.

– Ризици се како отстранувањето на средишното зеленило од Партизанска, но поголем ризик е што под тоа зеленило се наоѓа главната водоинсталација за питка вода за Скопје. Дали скопјани биле запознаени дека треба да се гради нов мост кај мостот Обединети нации и истото не вкалкулирано во буџетот од 70 милиони евра и дека новиот мост ќе е сериозна задача од финансиска гледна точка детектирано е но и од нормалниот живот. И тоа е дополнителен трошок од над 6 милиони евра, вели Арсовска.

Според Арсовска, чесно е да се презентираат овие работи пред скопјани и да одлучат дали е ова добро решение за нив.

– Јас понудив концепт за кој граѓаните се решија, но и споменав референдум. Има многу напади секојдневно и закани, но немам намера да потклекнам пред истите. Референдум е една од опциите кои може да се понудат дали граѓаните сакаат едно или друго решение. Референдумот како опција и треба да се практикува за решенија како што е БРТ кое ќе го оптовари буџетот на државата за 70 милиони евра, нагласи Арсовска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...