15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаМакедонијаРаботничките од „Олив пак“ добија К-15, а инспекција влезе во компанијата

Работничките од „Олив пак“ добија К-15, а инспекција влезе во компанијата

Работничките од „Олив пак“ добија К-15, а инспекција влезе во компанијата.

Работничките од велешката фирма „Олив пак“ добија К-15. На нивните сметки вчера легнаа парите од регресот за годишен одмор, поради кој завчера тие излегоа на протест пред фабриката, Во исто време, трудовата инспекција влезе во просториите на компанијата и во Велес и во Кочани. Инспекторите ќе ја разгледуваат документацијата за исплата на плати за последните четири месеци од минатата година, како и исплатата на регресот за годишен одмор.

Нашите инспектори ги земаа потребните документи и доколку има потреба од дополнителни, ние повторно ќе влеземе во седиштето на компанијата во Кочани и во производствениот погон во Велес. Постапката ќе трае неколку дена, а за неа ќе подготвиме записник“, рече Јована Тренчевска, директорката на Државен трудов инспекторат.

Ова доаѓа еден ден откако педесетина работнички од фабриката за полнење маслики „Олив пак“ излегоа на протест, поради неисплатен К-15, но и поради исплата на плати под законскиот минимум, лошиот однос на раководството кон нив и непостапувањето на инспекциските служби на нивните поплаки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...