12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес му е роденден на Александар Матовски - Цако- Момчето кое храбро...

Денес му е роденден на Александар Матовски – Цако- Момчето кое храбро застана на говорницата на Обединети нации.

spot_imgspot_img

Денес му е роденден на Александар Матовски – Цако.

Цако е млад човек, со Даунов синдром. Добро воспитан, културен, хуман. До својата 31 година живот тој постигна успеси, за кои многу деца без попреченост само сонуваат. Пишува поезија, води радио-емисија, танцува, фотографира, чита книги, слуша музика, бил колумнист во списанието “Лице в лице”, има кафен појас во карате и е борец за правата на лицата со попречености.

2016 г. храбро застана на говорницата на Обединетите нации. Танцовото студио „Dancers United MK”, чиј член е, го освои првото место на Светското првенство во модерни танци.
2019 г. неговата жеба за знаење, резултираше со звањето дипломиран педагог и работно место во тимот на Град Скопје. Од 2020 г. Цако е свој човек.
2021 г., се закити и со признанието на ЕУ “Европеец на годината”, во категоријата млади активисти.

Цако растел во здрава средина. Неговото семејство е столбот, на кој се потпира. Нивната љубов, посветеност, поддршка и трпение, изградија личност за почит. Ги научија и роднините, пријателите, комшиите, дека овој млад човек не е ништо поразличен од другите, но е посебен во желбата и упорноста да му се даде можност да покаже што знае и умее. Резултатот е очигледен.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, ЦАКО! Посакувам да си ги оствариш сите сништа!

Размислете и за ова вие кои потпишувавте или ќе ви падне на памет да потпишувате петиции !
Автор на текстот и фотографија: Ема Кушевска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...