8.2 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаЗабаваПо Тамара и Васил и Андреа ќе пее на Парадата на гордоста

По Тамара и Васил и Андреа ќе пее на Парадата на гордоста

spot_img

Поп пејачката Андреа Коевска, којашто годинава ја претстави Македонија на Евровизија во Торино, ќе пее на Парадата на гордоста во Скопје, која ќе се одржи на 25-ти јуни. Настанот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена-борец“, а во 19 часот ќе започне протестниот марш до Градскиот парк,по што ќе продолжи со културно-забавна програма на стадионот на АРМ.

<

Покрај настапот на Андреа, најавено е гостување и на повеќе диџеји од земјава, но и од Србија и Америка. Коевска не е единствената македонска претставничка која настапува на Парадата на гордоста во Скопје. Во 2019 година, по враќањето од Евросонг, и Тамара Тодевска облечена во боите на виножитото пееше на настанот под мотото „Љубов е љубов“.ани пак, настап имаше Васил Гарванлиев, а настанот беше под мотото „Вон ѕидовите“. Истата година тој пееше и на ЛГБТ парадата во Бугарија. Годинава мотото на настанот е „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“. Инаку, по скандалот со фрлањето на македонското знаме на земја во Торино, за што се извини, Андреа се нема појавено во јавност.

Тогаш од МРТ најавија санкции за делегацијата, но што конкретно се одлучило и дали некој е санкциониран, се уште нема официјална објава од јавниот сервис.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Џип од Министерство во вредност 60 илјади евра бил заборавен во сервис, сега е без врати и делови

Кога јавноста ќе ги види сликите, ќе може да процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставен на милост и...

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...