16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа секое прваче по 5.000 денари и бесплатен школски прибор од Г-динот...

За секое прваче по 5.000 денари и бесплатен школски прибор од Г-динот Капинков, бизнисмен од Перт Австралија.

spot_imgspot_img

Пред почетокот на новата учебна 2022/2023 година во основното образование, денес приредив свечен прием за првачињата, кои од утре, 1-ви Септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ООУ Дебрца.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.
Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.
Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.
Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.
Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.
Оваа година за првпат општината за секое прваче ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
Напиша градоначалникот Ногачески на социјалните мрежи..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...