18.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Грција даваат бесплатно огревно дрво ?!?

Во Грција даваат бесплатно огревно дрво ?!?

spot_imgspot_img

Општинските власти во населба на Атина обезбедуваат бесплатно огревно дрво на прагот на грејната сезона. Иницијативата предизвика голем интерес во време кога домаќинствата кај нашиот јужен сосед ги трпат последиците од наглото поскапување на струјата.

Жителите на населбата Зографу во грчката престолнина побрзаа во општинскиот парк за да набават бесплатно огревно дрво. За транспорт се користат приватни автомобили.

Ќе го користиме шпоретот на дрва, кој главно само ќе ја загрева дневната соба бидејќи топлината не допира до останатиот дел од куќата. Ќе користиме и електрично ќебе, мала клима, ќе се снајдеме некако“, коментира Илиас Пападимитропулос.

Од исечени гранки во пошумен општински парк се обезбедуваат 20 тони дрва. Иницијатор на проектот за чистење на паркот е локална еколошка организација.

Наместо целото дрво од сечењето дрвја во оваа област да оди на отпад, ние ги здруживме силите со локалните жители. Ја исчистивме шумата, а луѓето ќе добијат помош за зимата“, вели Нико Киусис, претставник на невладината организација.

Поради енергетската криза, нарачките за огревно дрво во регионот на Атика започнаа веќе во јули годинава, а во моментов има листа на чекање од најмалку 20 дена.

Единственото греење што го имаме е ова дрво. Ништо друго. Имам неколку електрични шпорети кои ќе биде навистина тешко да се вклучат оваа година бидејќи не можеме да си дозволиме да ја платиме струјата“, вели Параскеви Галари, жителка на Атина.

Само од крајот на август огревното дрво поскапе за 20-30%, а луѓето стравуваат од ново поскапување како што се приближува зимата. Дистрибутерите исто така имаат потешкотии да најдат место за складирање на дрвото. Околу 70% од дрвото е од Грција, а останатите 30% доаѓаат од балканските земји.

4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Палевски е осомничен за две кривични дела...

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...