16.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПапата: Трошете помалку за Божиќ, помогнете ѝ на Украина

Папата: Трошете помалку за Божиќ, помогнете ѝ на Украина

Папата Франциско ги повика луѓето да трошат помалку на божиќните прослави и подароци оваа година и разликата да ја испратат до Украинците за да им помогнат да го надминат гладот и зимскиот студ.

Папата, кој упатува апели за Украина на речиси секој јавен настан од почетокот на руската инвазија во февруари, ја изнесе молбата на крајот од својата неделна општа аудиенција.

„Браќа и сестри, ви велам, има толку многу страдања во Украина, толку многу, толку многу“, рече тој, додавајќи дека сака да го привлече вниманието на конкретните тешкотии со кои Украинците ќе треба да се справат во наредните месеци.

„Убаво е да се слави Божиќ, но ајде да ги намалиме божиќните трошоци. Да имаме поскромен Божиќ, со поскромни подароци и да го испратиме она што ќе го заштедиме на украинскиот народ, кому му е потребно“, рече тој, предизвикувајќи повеќекратен аплауз во салата.

„Тие страдаат толку многу, гладуваат, студено им е и многумина умираат бидејќи нема доволно лекари и медицински сестри“, рече тој.

Додека тој зборуваше, милиони цивили во најголемиот европски конфликт од Втората светска војна се борат со прекини во струјата, греењето и водата предизвикани од руските напади врз инфраструктурата додека преовладуваат температури под нулата.

„Да не заборавиме. Божиќ, да. Во мир со Господ, да. Но со Украинците во нашите срца. Да го направиме овој конкретен гест за нив“, рече Папата. Тој зборуваше истиот ден кога украинската национална црква во Рим, Света Софија, упати нов апел до Италијанците да донираат облека и лекови што волонтерите со камиони ги носат во Украина од март.
mkd.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...