1.9 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаАјде сите да си подадеме рака- Градоналникот Пецаков со поддршка за лицата...

Ајде сите да си подадеме рака- Градоналникот Пецаков со поддршка за лицата со ретки болести и нивните најблиски

spot_img

Лицата со ретки болести и нивните најблиски ја заслужуваат нашата постојана поддршка и подадена рака. Искрено се радувам што и оваа година им го посветуваме месецот февруари и тоа што по петти пат ќе ја поддржиме националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која има за цел да ја подигне јавната свест во општеството и да обезбеди подобри услови за третман и лекување на овие лица.

<

Само преку заедничка соработка, гласно зборување за ретките болести и поголемо споделување на информации во јавноста, ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците и ќе се обезбеди исполнување на долгорочни цели.

Општина Охрид во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет поддржува активности и проекти за обезбедување подобри услови за лицата со ретки болести. Со цел да им се излезе во пресрет на нивните потреби, да се обезбеди поголема инклузија и да им се овозможи поголем напредок во образованието, втора година по ред доделуваме стипендии за ученици, студенти и магистранти со ретки болести.

Горд сум што преку конкретни мерки покажавме дека може да се најде начин и да се обезбеди скромна поддршка која е од големо значење за овие лица. Се надевам дека ќе бидеме позитивен пример и поттик за останатите јавни институции, кои треба да вложат поголеми напори и да ги исполнат барањата на лицата со ретки болести.

Охрид и годинава ќе блесне во боите на ретките и ќе испрати јасна порака за поддршка на неуморната борба со предизвиците, кои секојдневно ја водат овие лица и нивните семејства. Посакувам секој зрак светлина да им донесе нова надеж за поубаво утре, подобро здравје и посреќен живот.

Ви посакувам успешна кампања!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...