16.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаПосле низата негативни коментари, македонската пејачка Цветанка Ласкова се откажува од...

После низата негативни коментари, македонската пејачка Цветанка Ласкова се откажува од парите

spot_imgspot_img

Не го откажувај концертот, Имаш 5-децениско творештво кое вреди, Твојата музика остави трага и во Македонија и во Југославија – ова се дел од коментарите под фејсбук статусот кој Цветанка Ласкова го објави во врска со шпекулациите и клеветите изнесени во врска со проектот поддржан од Министерството за култура со кој беше предвиден концерт како заокружување на нејзината 50-годишна кариера.

“Јас не конкурирав за одбележување 50 години од мојата музичка кариера, тоа беше идеја на студиото Сити Саунс, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5-деценискиот развој на македонската фолк и поп музика.”

Ласкова во својата објава побара организаторот кој конкурирал со идејата за нејзин јубилеен концерт да ги одбие одобрените средства, потенцирајќи дека тоа го бара заради сопствениот мир.

Вo 1973 година, од продуцентите на Македонска Радио Телевизија е откриен нејзиниот талент за музика и таа одбира да ја развива нејзината музичка кариера.

Снима голем број на композиции, како трајни снимки за Македонска Радио Телевизија, учествува на фестивали и ја претставува Македонија и СФРЈ на турнеи по целиот свет.

Во 1980 година се преселува во Белград каде што стапува во брак со музичарот Миша Керкез Кан и ја продолжува својата музичка кариера.

Во 1983 година заедно ја основаат групата КАН ШОУ составена од врвни професионалци и нивната соработка трае до распадот на Југославија.

Во овој период таа е ексклузивец на дискографската куќа „Југодиск”.

Има објавено 7 музички изданија, со забавна и народна македонска музика.
– Момчето со мандолина 1976год .
– Ти би хтео све на блиц 1979год.
– Нисам више мала 1983год.
– Ти и ја 1984 год.
– Македонски бисери 1984год.
– Проштевај на се 1985год.
– За љубов да наздравиме 1989год

Има издадено 3 видео касети.
– Цветанка Ласкова
– Кан Шоу
– Коштана

Во текот на нејзината долгогодишна и успешна музичка кариера настапува со Има настапувано со Тома Здравковиќ, со Ханка Палдум, Тозовац, Леб и Сол, Арсен Дедиќ, Јанко Узунов, Виолета Томовска и многу други. Патува низ цел свет и ја претставува Македонија и Југославија. Добитник е на многу музички награди, меѓу кои е и наградата за животно дело.

По распадот на поранешната Југословенска Федерација се враќа во Скопје и во 1992 година ја формира својата продукциска компанија „КАН”.

Работејќи во сферата на ТВ продукција и авторските права, маркетингот и економската пропаганда, два пати го добива признанието „Најуспешна жена менаџер на годината” за 1999 и 2001 година.
Во 2001год. ја формира издавачката куќа „Прајм Инфо”, издавајќи ги познатите изданија „Семеен Магазин” „Здравствен Код”, „Скопје 365” и др.

Настапува на повеќе фестивали и шоу програми на ТВ а со ансамблот при театарот во Кавадарци ја игра главната улога Коштана на истоимената пиеса од Бора Станковиќ.

Цветанка Ласкова е борец за родова еднаквост и во 2014 ја основа Школата за Женски Активизам, каде што се школуваат жени борки, со генерации.

Во август 2017 година од страна на Владата на Република Северна Македонија е именувана за Посебен советник за култура на Премиерот.

За нејзината хуманитарна работа има добиено безброј признанија како во поранешна Југославија така и во Република Северна Македонија. Горда е на хуманитарната награда „Мајка Тереза” добиена во 2008 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...

Д-р Александар Веслиески ви ги честита Велигденските празници, посакувајќи мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита Велигденски празници,...

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...