20.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес земјата му простува на небото, а човек на човека! Простете и...

Денес земјата му простува на небото, а човек на човека! Простете и побарајте прошка

Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни…

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и...

Судскиот совет му го одзеде имунитетот и го одобри притворот на судијата Наке Георгиев

На вечерашната итна седница Судскиот совет донесе одлука за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, а членовите на Советот го одобрија и...

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Ова е одлуката на скопскиот...

Врховен судија фатен со 10.000 евра !!!

Судијата во Врховниот суд Наќе Георгиев е приведен поради мито од 10.000 евра и е префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје, потврдија...