11.7 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаУбиениот Македонец во Бугарија е Игор Николовски (50), а сторителот на делото...

Убиениот Македонец во Бугарија е Игор Николовски (50), а сторителот на делото е 14 годишно момче Михаил Х, за кое бугарските медиумите пишуваат дека е од ромска национаност.

spot_imgspot_img

Убиениот Македонец во Сончев Брег (Бугарија) е Игор Николовски (50), а сторителот на делото е 14 годишно момче Михаил Х, за кое бугарските медиумите пишуваат дека е од ромска национаност.

Според извори на бугарскиот портал Flagman.bg убиството се случило откако Македонецот се обидел да го принуди малолетникот на сексуални односи.

Наводно 50-годишникот му предложил да одат на затскриено место, во напуштена барака каде ќе можат да имаат интимни односи, но Михаил побеснел, па зел дрвен кол и му нанел неколку повреди во пределот на главата.

Потоа, според пишувањата на медиумите, телото го скрил во блиската шума крај ресторанот „Бчвата“ и го сокрил прекривајќи го со даски и шут.

Овие информации на бугарските медиуми се уште не се потврдени од полицијата, иако според истрагата, мотивите се или педофилија, но можен грабеж затоа што 14 годишникот бил проблематичен и и бил познат на полицијата по криминални дела.

Доколку Михаил биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетен.

Полицијата најави повеќе детали за мотивите за убиството во текот на денот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...