18.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПетровска за Ковачки: Не ми требаат пари од нечесник, ќе ги донирам

Петровска за Ковачки: Не ми требаат пари од нечесник, ќе ги донирам

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното рочиште против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки истакна дека доказите кои ги презентирала денеска пред судот во рамките на подготвителните рочишта се најголемите докази коишто ја потврдуваат вистината којашто таа ја зборува.

-Оскудните т.н докази да не речам “рекла-казала” докази кои ги презентираше тужената страна, покажуваат навистина за каква несериозност пристапиле кон сето ова, и дека единствената цел, како што кажа мојот адвокат, била да се наруши мојата чест и мојот углед, и да се попречам во извршувањето на мојата работа. Јас кажав дека ќе бидам крајно транспарентна, и дека нема да спречам никој што сака да се заинтересира за овој случај, да го следи случајот, и тоа го направивме денеска. Доказите ќе ги доставиме до судот, следува и второ подготвително рочиште, и уверена сум дека судот ќе ја види вистината. Сите оние шпекулации за наводно бришење на податоци од Катастар итн, се само дополнителна замка во којашто тужениот сам влегува, меѓутоа тоа го оставам на неговата совест којашто е очигледно каква е во овој случај. На моја страна е вистината и таа ќе излезе на виделина, кажа Петровска.

Таа додаде дека започнато е и барање на штета, меѓутоа ќе следува и барање за јавно извинување на прес конференција на начин на кој Ковачки, како што додаде министерката, го искажал лажното клеветење кон неа.

-610.000 денари е формата, не значително меѓутоа таа сума на пари ако биде пресудена ќе биде донирана во добротворни цели . Немам намера да задржам пари од нечесни луѓе, истакна Петровска.

Неодамна, министерката информираше дека веќе е поднесена тужба за наводите за „наводна нејзина хациенда“ и тоа за него е веќе изгубен случај.

-Јас никогаш не сум се водела со место на живеење на таа адреса. Имам адреса на живеење во Радишани, но таа е на парцела веднаш до хациендата која ја покажува Ковачки, истакна Петровска, додавајќи дека и за тврдењето за уапсени оперативци на военото разузнавање испратени од нејзина страна на Косово ќе добие тужба.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974. На локалните избори во 2021...

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...