12.6 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаБелгиската „АБЕЕ“ ќе гради фабрика во Кичево со 600 работни места и...

Белгиската „АБЕЕ“ ќе гради фабрика во Кичево со 600 работни места и плата од 1.500 евра

Белгиската брзорастечка компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ (AБЕЕ) ќе инвестира во Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места.

Во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе бидат отворени околу 200 работни места. Просечната бруто плата, според проекциите на компанијата, ќе биде 1.500 евра.

Фабриката ќе почне да се гради на почетокот на следната година во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево, а според планот на компанијата, треба да биде готова кон крајот на годината. Ќе се произведуваат батерии за електрични автомобили.

Договорот денеска во белгиското гратче Нинов го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и сопственикот на компанијата Ношин Омар во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши.

Очекувањата се државната помош што ќе ѝ се даде на компанијата, да биде вратена за четири до пет години во Буџетот на државата само по основ на персонален данок и данок на добивка.

„Од бројките со кои располагаме можам да кажам дека сето она што како државна поддршка го обезбедуваме за компанијата во рок од четири до пет години би било исплатено назад во Буџетот преку персонален данок и данок на добивка така што како инвестиција и поврат на средства за државата на Буџетот е добро“, истакна директорот на ТИРЗ Деспотовски.

Министерот за економија очекува дел од висококвалификуваниот кадар во ТЕЦ „Осломе“ј, кој треба да се трансформира во гасна централа до 2027 година, да се вработи во оваа компанија.

„На инвеститорот му ги презентиравме не само општина Кичево, туку и други општини, каде согласно Стратегијата за развој на енергетиката и што како обврска ја имаме како држава во делот на енергетиката. Моментално, општина Кичево го има РЕК ‘Осломеј’ каде има голем број висококвалификуван кадар. РЕК ‘Осломеј’ треба да работи на јаглен до 2027 година, а потоа според одлуките на ЕУ, каде влегуваат и земјите од Западен Балкан како земји од Енергетската заедница, ќе се воведат такси за емисии, што значи не е исплатливо по 2027 година да работи на јаглен. Тој ќе се тансфрормира во гасна централа каде не е потребен толкав број на вработени, еден дел од нив ќе се префрли во фотонапонските централи, а ќе има вработени кои ќе имаат можност да аплицираат во оваа компанија, но и во други компании кои ќе инвесирааат“, истакна министерот Бектеши.

Тој најави и нови инвестиции од белгиски компании кои се во финална фаза на преговарање и кои ќе бидат распределени низ целата држава.

За сопственикот на компанијата, оваа инвестиција е значаен преврст во стратешкото проширување на АБЕЕ и ја нагласува посветеноста на компанијата кон технолошки иновации и одржливи енергетски решенија.

„Уверени сме дека основањето на оваа најсовремена фабрика ќе придонесе во економскиот раст на Македонија додека истовремено се зацврстува позицијата на AБЕЕ како глобален лидер во инстријата за системи за управување со батерии“, истакна Омар.

Компанијата е основана во 2019 година и има вработени од 23 националности што значи привлекува теленти од целиот свет. Станува збор за компанија која вложува во брзорастечки технологии.

Бектеши и Деспотовски заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Антверпен ќе се обратат и на бизнис форум на кој ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија. (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...