17.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаАвтопатот Кичево – Охрид далеку од готов, гужви и колони на споредните...

Автопатот Кичево – Охрид далеку од готов, гужви и колони на споредните патишта

Нереални се најавите на власта дека автопатот Охрид-Кичево ќе биде готов до крајот на 2023 година, иако владините претставници уверуваат дека од наредната година, граѓаните ќе возат по модерен автопат, вели за Алсат, градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, на чија територија се наоѓа голем дел од делницата.

„Од 2014, сега сме 2023 година, некако како сè уште да сме далеку од целиот тој проект… Ова што го гледам, бидејќи постојано сум во движење низ мојата општина, мислам дека далеку се работите дека ќе бидат завршени до крај на 2023“, рече Зоран Ногачески, градоначалник на Дебрца.

Дополнително на ова, сè уште има голем број граѓани кои водат судски спорови со државата во однос на висината на цената за одземеното земјиште. А, почетокот на работите кај самиот влез на Охрид деновиве создаде голема тензија меѓу локалната и централната власт. Општина Охрид бара веднаш да се отвори патот, затоа што пренасочувањето на сообраќајот среде летна туристичка сезона кон стариот пат, создава хаос и револт кај гостите.

„Во очи на почеток на летната туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука… Со ваквата одлука голем број на семејства чија главна егзистенција е туризмот ќе останат без приходи. Се создава проблем и кај хотелиерите…“, велат од Општина Охрид и Угостителите.

Алсат праша во Влада дали ќе одговорат позитивно на ваквото барање, но одговор не добивме. Инаку, туристичките работници раскажуваат дека автобусите со странски туристи, од аеродромот до хотелите во Охрид патуваат два и пол часа, онолку колку што летаат од Холандија или од Полска до Охрид.

Мики Трајковски Alsat Tv

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Гостивар – Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг

На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во...

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...