22.9 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАмерика го стави на ЦРНА листа струшкиот градоначалник Мерко !!!!

Америка го стави на ЦРНА листа струшкиот градоначалник Мерко !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стејт департментот, исто така, ги означува сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша како неподобни за влез во Соединетите држави

<

Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија, објавија од Стејт департментот на САД.

„Денешната акција испраќа порака дека Соединетите Држави стојат со Северна Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“,

соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Оваа јавна ознака е направена според член 7031(в) од Законот за доделување средства на Стејт департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година.

Стејт департментот, исто така, ги означува сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша како неподобни за влез во Соединетите држави.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски.

Откако сподели дека во младоста имала афера со Бранко Црвенковски додека тој бил женет, Весна Петрушевска стана мета на бројни коментари. Популарната актерка не...

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка. Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на...

Стојанче: Наместо дронови, на тие што седат пред продавниците во селата, да им дадеме по едно пиво, и да ни кажуваат каде гори !!!

Со пиво пред кооперација наместо со дронови од воздух. Стојанче Ангелов за рана детекција на пожари. Ангелов е директор на Дирекцијата за заштита и...

ЕУ амбасадорот Рокас со пофалби за урбаната трансформација на Охрид

Градоначалникот на Охрид денес оствари срдечна средба со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија. На средбата разговаравме за повејќе значајни теми и области за...