4.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМалечкиот Ахмед од Скопје прескокнал одделение како натпросечно дете, но се претопува...

Малечкиот Ахмед од Скопје прескокнал одделение како натпросечно дете, но се претопува во просечноста оти нема програми за талентирани ученици

spot_imgspot_img

Ахмед често го нарекуваа „штребер” и „бубалица”. Почна да му станува сеедно и прифатливо ако наставниците нешто го прашаат, а тој не знае. А токму тоа претходно самиот го сметаше како свој личен пораз – да го прашаат нешто на зададена тема, а тој да не знае“, вели мајката Сабина
Десетгодишниот Ахмед Смајовиќ од Скопје, годинава заврши петто одделение. Има способност брзо да чита, да разбере и да ја научи било која содржина. Посебен талент има кон математиката и странските јазици. Ужива да решава математички задачи и да учи нови зборови. Тој многу рано прозборел, а на неполни две години веќе користел реченици во својата комуникација. До својата петта година веќе читал кирилично и латинично писмо и течно зборувал босански, македонски и англиски јазик. Математичките операции собирање, одземање, множење и делење ги совладал уште пред да тргне на училиште.

Дали државата креира посебни програми во училиштата по кои се работи со надарените деца? Дали овие ученици успеваат во училницата да го градат своето натпросечно умеење во една или повеќе области, или пак, со текот на времето едноставно, се претопуваат во просечноста? Во овој развоговор за Мета.мк, со мајката на Ахмед, Сабина Муриќ Смајовиќ, зборуваме за нејзиното дете кое навистина забрзано напредувало и преминало во наредно одделение. Таа зборува за ова во надеж дека надлежните ќе се потрудат во иднина нешто да променат на подобро во досегашните образовни политики кон сите надарени деца во Македонија.

Ахмед се досадувал на часовите

Уште во времето кога Ахмед одел во градинка, мајката била свесна дека детето не го интересираат истите работи како неговите врсници. Тој тргнал регуларно на училиште и веројатно поради новата средина, другарите и наставничките, во прво одделение немало толку проблеми.

„Но, во второ одделение, Ахмед почна да негодува дека му е досадно на часовите, дека ништо ново не учат, дека го тераат по 100 пати да повторува работи што ги знае. Сето тоа ми беше доволен знак дека мораме да преземеме нешто и да му дадеме нов предизвик. Се создадоа услови и со голема помош на неговите наставници и училиштето „Панајот Гиновски”, по препорака на надлежната образовна комисија, го прескокна третото одделение и продолжи во четврто одделение“, раскажува мајката Сабина.

Ахмед, и покрај тоа што бил надарен ученик, продолжил да учи по истата програма како и останатите ученици.

Го нарекувале „штребер“ и „бубалица“

Мајката со текот на времето почнала да забележува дека детето почнува да се претопува со просекот и дека повеќе не се трудел како порано, дека нема предизвик.

„Почна повеќе да се залага да биде прифатен од другарите. Често го нарекуваа „штребер” и „бубалица” му стануваше сеедно и прифатливо ако наставниците нешто го прашаат, а тој не знае. А токму тоа претходно самиот го сметаше како свој личен пораз – да го прашаат нешто на зададена тема, а тој да не знае“, вели Сабина.

Според неа, надлежните за образование во државата очигледно имаат проблем да изнајдат соодветен образовен модел за надарените ученици.

„Мора да постои адекватна програма за надарените деца. Лично, не сум запознаена со никакви посебни програми или образовни проекти во кои би можела јас како родител да го вклучам. Но, сметам дека мора да се изнајде начин да се препознаат талентираните деца, да им се даваат дополнителни предизвици и да се искористи нивниот потенцијал“, потенцира мајката.

Во МОН тврдат дека го стимулираат трудот на надарените ученици

Освен што талентираните ученици на предлог на одделенски наставник односно одделенски раководител, а со одлука на наставнички совет, можат да напредуваат и забрзано (најмногу до два пати за време на школувањето да преминат во наредно одделение), за учениците со натпросечна интелигенција се организираат и додатни активности, односно следуваат дополнителни бенефиции, тврдат за Мета.мк во Министерството за образование и наука (МОН).

„Со новите наставни програми, нови учебници и целосно нов пристап на наставниците во наставата, го поттикнуваме креативниот потенцијал на учениците. Со воведување повеќе изборни предмети во основните училишта се дава шанса секој ученик да го одбере тоа што му е најинтересно и каде постигнува најдобри резултати. Така се овозможува рана идентификација на афинитети, предиспозиции и талент за одредена работа, што овозможува ран почеток на следењето на детето и се дава потребната поддршка за да напредува“, велат во МОН.

Оттаму потсетија и дека од пред неколку години отворена е математичко–информатичка гимназија во Скопје како специјализирано училиште каде по посебни програми се образуваат талентирани ученици од областа на математиката, физиката и информатиката. Од МОН потсетија и дека доделуваат стипендии за талентирани ученици од средните училишта, како и еднократни награди за ученици кои ќе освојат прво место на државен натпревар, како и еднократни парични надоместоци за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика, информатика и природни науки.
Јавува Мета Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...