4.4 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаБратот на Ангелче Николов загинал во сообраќајна несреќа, па според Судот свесен...

Братот на Ангелче Николов загинал во сообраќајна несреќа, па според Судот свесен бил и знае како е кога ќе ти почине некој близок !!!

spot_img

Првостепениот суд при определувањето на видот на кривичната санкција и одмерувањето на нејзината висина, во недоволна мера ги ценел олеснувачките околности кои постојат на страна на обвинетиот Ангелче Николов и му одредил превисока казна. Ова сумирано се причините поради кои Апелациониот суд му ја намалил затворската казна од 18 на осум години на велешанецот Николов кој во декември минатата година под дејство на алкохол и возејќи побрзо од дозволеното, на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена и ја повреди нејзината мајка, по што побегна од местото на настанот.
Апелација ја објави пресудата којашто ја донел на 12 јули и ја образолжува на повеќе од 10 страници. Второстепениот суд кој донесе конечна одлука и ја намали повеќе од двојно затворската казна, образложува дека ја прифатил жалбата на обвинетиот во делот дека казната е превисока, а даденото признание на вина не го земал предвид за што Кривичниот суд сторил суштествена повреда бидејќи признанието било дадено доброволно и свесно и обвинетиот се извинил пред присутните во судницата, а со тоа придонел за побрзо и поефикасно завршување на постапката.
Судот не ги земал во предвид ниту семејните прилики на истиот дека истиот нема оформено семејство, не е женет и дека има …….. години со што казната ќе му влијае на иднината, а првостепениот суд поголемо значење дал на отежнителните околности, а со оглед дека има загинат брат во сообраќајна незгода истиот е свесен за последиците кои се предизвикани на оштетените како и за психичката и физичката болка кои ја трпат за загубата на нивното дете, и истиот смета дека со изречена поблага казна ќе се постигне целта на казнувањето во иднина да не врши вакви или слични кривични дела, како и по однос на забраната за управување со моторно возило смета дека казната е превисоко определена, па истите ги прифати за основани, се вели во дел од образложението на пресудата.

<

Одбраната на обвинетиот, кој официјално е безимотен, невработен и повремено работел како надничар, во дел од жалбата наведува дека обвинетиот многу се кае за стореното, дека пред две години во сообраќајка загинал неговиот брат, а пред кратко време ја изгубил неговата мајка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...