17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаКула: Албанците им ја зедоа државата, Грците името, а Бугарите им го...

Кула: Албанците им ја зедоа државата, Грците името, а Бугарите им го сакаат идентитетот! – Што им преостанува на кутрите Македонци?!

spot_imgspot_img

Работата со * Македонија заврши. Како ‘македонско овошје’. Албанците ја презедоа државата. Со Охридскиот договор ја ставија структурата на државата под своја контрола. Албанци се претседателот на Парламентот, двајца заменици-претседатели на Владата, министерот за надворешни работи, претседатели на општини… Значи, Албанците ја зедоа државата, Грците им го зедоа името и тоа со насилство и уцени. Не им го отвораме патот за ЕУ и т.н. Србите им ја сакаат црквата, бидејќи не им ја признаваат, а Бугарите им го сакаат идентитетот. Што им преостанува на кутрите Македонци?“ – ова е одговорот што го даде Илир Кула од Албанија на прашањето „Како ја коментирате ситуацијата во * Македонија? Дали се навистина Албанците дел од раководењето во оваа држава?“, кое му беше поставено во рамки на подолгото интервју за емисијата „Инфофокус“, која се пренесува на медиумската платформа Инфовеб Медиа (Infoweb Media) од Албанија. Интервјуто со неговите видувања за Албанија, Косово и Балканот го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ од Македонија.

 

Илир Кула е експерт за безбедност, геополитички аналитичар. Тој е позната политичка личност во Албанија. Бил и државен политички советник на двајцата поранешни претседатели на оваа држава Илир Мета и Реџеп Мејдани.

 

 

На Илир Кула му беше поставено и прашањето: „Но, * Македонија наликува како да е поконсолидирана држава од Албанија?“.

Неговиот одговор гласеше:  „Ова нешто треба да го видиме во иднина, а не денес и сега. Пред 30 години Албанците, кои сочинуваат 30 проценти од населението, не им се даваа ниту 1 процент од правата. Албанија и Косово не ѝ ја загрозуваат независноста на * Македонија. Албанците внатре во * Македонија не ја загрозуваат државата. Се виде што сторија Руската и Српската црква во Црна Гора. Речиси ја разбија државата. Црквата се користи како политички инструмнт во Црна Гора, Косово, во Боска и Херцеговина, во * Македонија. Бугарите треба да се покажат како потолерантни. Македонците го имаат своето право. Треба да се затвори оваа расправа. Однесувањата на Грција и Бугарија се целосно противевропски, а потоа тие ги обвинуваат овие за национализам. Некогаш * Македонија беше најсиромашната република во Југославија.“

Покрај овие свои ставови за Македонија и македонскиот народ, Илир Кула во споменатото интервју изнесе мислење и дека „трговијата, туризмот, културата водат кон обединување на Албанија и Косово, бидејќи тоа е нивно заедничко одредиште, а по 10-20, или за 50 години тоа обединување ќе се случи природно“.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...