18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаОд денес кучиња и други миленици ќе може да шетаат низ Ист...

Од денес кучиња и други миленици ќе може да шетаат низ Ист Гејт Мол

spot_imgspot_img

East Gate Mall е првиот трговски центар во нашата држава кој овозможи влез на миленици.
Отсега, со своите миленици може да го посетите трговскиот центар.
Правила за миленици:
1. За милениците: Дозволен е влез на домашни миленици до 15kg.
2. Поводник: Сите домашни миленици мора постојано да бидат на поводник. Поводниците на извлекување треба да да бидат на кратка должина како не би дошло до сплеткување со друг миленик, деца или посетител.
3. Храна и вода: доколку им е потребна вода или храна, ве молиме обратете се во пет шоп 5Центар кој се наоѓа на северната страна на трговскиот центар на ниво -1
4. Ескалатор/травелатор/лифтови: Доколку користите ескалатор, травелатор или лифт, милениците мора да се носат во раце или во транспортер. Ова правило е за безбедност на домашните миленици во трговскиот центар.
5. Однесување: Агресивните или прекумерно гласните миленици може да бидат замолени да си заминат од трговскиот центар.
6. Миленици во областите со храна: За домашни миленици не е дозволен влез во делот за самопослужување на храна, ресторани или која било продавница каде што се продава храна согласно законските регулативи.
7. Одговорност: Сопствениците на домашни миленици се одговорни за каква било штета или повреда предизвикана од нивните миленици. Доколку миленикот направи нужда во трговскиот центар, Ве молиме веднаш обратете се до персоналот за хигиена.
8. Итни ситуации: Во итен случаj со аларм за пожар и евакуација, следете ги упатствата на персоналот во трговскиот центар за евакуација заедно со вашиот миленик.
9. Ограничен број на домашни миленици: На посетителите им е дозволено да влезат во трговскиот центар најмногу со два миленици по лице.
10. Транспортери за домашни миленици: Помалите миленици може да се носат во транспортер заради нивна безбедност.
11. Миленици без надзор: Милениците не треба да се оставаат без надзор. Доколку се најде домашно милениче без надзор, обезбедувањето на трговскиот центар ќе биде известено.
12. За посетителите: за интеракција со милениците, најпрво усно прашајте го сопственикот на миленикот за да добиете дозвола. Ова правило е за безбедност на посетителите и децата во трговскиот центар

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...