12.9 C
Ohrid
понеделник, мај 13, 2024
ПочетнаМакедонијаАкушерка пресекла прст на новороденче на ГАК!

Акушерка пресекла прст на новороденче на ГАК!

Ужасен настан пред околу 10 дена се случил на скопската клиника за гинекологија и акушерство, дознава КУРИР. Според нашите извори, на новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во клиниката. КУРИР побара одговори од клиниката, од каде го потвдруваат овој немил настан и откриваат детали за истиот.
-На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, велат од ГАК за КУРИР.

Како што информираат од клиниката, таа била дадена на Дисциплинска комисија.

-Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, велат од ГАК за КУРИР.

КУРИР вчера испрати прашања и до Министерството за здравство, дали е запознаено со овој случај, но иако помина цел ден, од таму немаме добиено одговор.

Од добро упатени извори, КУРИР поседува информации и за други трагедии и скандали кои се случиле на ГАК, но по детално истражување, за нив ќе објавиме во периодот кој следува.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев: Мицкоски и Силјановска да го почитуваат Уставот и договорот од Преспа

Претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на...

По Џафери и Арсовска, ни ЈП Паркови и зеленило не се надлежни за тревата во Влада

Ниту ЈП Паркови и зеленило немало склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата, информираат од таму по реакциите во...

Осмооделенец ненадејно почина во битолско, му се слошило додека бил на роденден

Во битолското село Крстоар, вчера ненадејно почина малолетник, чија смрт ја вознемири битолската јавност. Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и...

Брза Реакција на Брисел: ЕУ изрази загриженост и жалење поради неупотребата на уставното име на Северна Македонија

ЕУ брзо реагираше на инаугурацијата на претседателката Силјановска-Давкова, изразувајќи жалење поради неупотребата на уставното име на Северна Македонија од нејзина страна за време заклетвата...