19.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаОхрид подготвен за големиот христијански празник Богојавление-Водици

Охрид подготвен за големиот христијански празник Богојавление-Водици

Најмасовната културно-верска манифестација посветена на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ќе биде организирана на највисоко ниво, како што му доликува на еден духовен и туристички центар. На денешниот состанок на организациониот одбор за подготовка ги прецизиравме најважните детали за овој традиционален настан, кој е радост и доживување за илјандници верници на охридското пристаниште.

Во согласност со востановената традиција, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот дел е граѓански дел што го координира Општина Охрид и се однесува на целокупната празнична програма.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“.

Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро, а сите заинтересирани ќе може да се пријават во црквата „Свети Никола Геракомија“. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

Како дел од подготвителните активности и логистиката на настанот, во четврток на 18-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна која е карактеристична за трпезите на овој празник.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974. На локалните избори во 2021...

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...