-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОд Фондот објаснуваат: Леонид беше одбиен бидеќи оди на РЕХАБИЛИТАЦИЈА а не...

Од Фондот објаснуваат: Леонид беше одбиен бидеќи оди на РЕХАБИЛИТАЦИЈА а не на лекување !!!

spot_img

Здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, било причината поради која ФЗО го одбила барањето на Леонид Индов како неосновано, велат од Фондот.

Семејството очајно се обидува да прнајде 140 илјади евра за да го продолжи лекувањето на момчето кое лани летото се повреди на одмор во Грција и остана врзано во кревет.

Од ФЗО велат дека решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица, Фондот ги донесува согласно законските прописи и правилници.

„Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување. Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Р.Северна Македонија со кои склучил договор.

Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Северна Македонија.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот.
Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи“ се наведува во соопштението од Фондот.

Откако во јавноста се обелодени одлуката дека пари од ФЗО за Лео нема, македонскта јавност се мобилизираше па така сега се собираат пари од сите страни за да му се помогне на младото момче побрзо да оздрави.

Телефонски броеви за донација се на Т-МОБИЛЕ 143-118 и на А1 143 500.

Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...