8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаБочварски: Пари за автопатот Кичево-Охрид има, сега е важно да се направат...

Бочварски: Пари за автопатот Кичево-Охрид има, сега е важно да се направат техничките решенија за свлечиштата

spot_imgspot_img

Финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид има тврди министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, објави Канал 5.

За изградбата на овој автопат предвидени беа речиси 600 милиони евра, досега се потрошени околу 440 милиони со што остануваат околу 160 милиони евра од кинескиот кредит за довршување на делницата. Според Бочварски сега останува да се реши најважното прашање, а тоа се техничките решенија за 13-те свлечиштата кој се појавија изминатиов период, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Како што знаете има сè уште средства коишто се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови средства за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8….“ изјава Благој Бочварски – министер за транспорт и врски.

Кинески „Синохидро“, на 1 месецов доби нов рок за завршување на градежните работи на оваа автопатска делница до 31 декември 2026 година, откако претходниот рок, кој беше до крајот на минатата година не се испочитува поради појавата на свлечишатата.

Изгрдбата на 57 километарската делница, која никако да го доживее својот епилог, почна во 2014 година, цената од првичните 400 скокна на 600 милиони евра, рокот за изградба неколку пати беше пролонгиран, за што беа потпишани 5 анекс договори.
Од она што досега го споделуваа градежници и екпрети, е тоа дека со самиот проект од старт се направени безброј грешки и пропусти, лошо проектирање, свлечишта, деликатен непроверен терен, не довршени или ненаправени геотехнички испитувања на земјиштето. За дел од поддизведувачите пак најголема пречка била самата постапка за екпропријација на земјиштетото. Крајниот рок кој го има кинската комапнија за финиш на историтската градба на авотпатот е 31 декември годинава. Остнатите делници од Коридоров 8 до границата со Албанија ќе ги гради конзорциоумот Бехтел и Енка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...