20.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаБошко Илиев, лекар специјалист на свои 56 години го преплива Стрежевското Езеро

Бошко Илиев, лекар специјалист на свои 56 години го преплива Стрежевското Езеро

Бошко Илиев, лекар специјалист по спортска медицина од Кавадарци и љубител на пливањето и спортот воопшто, на 56-годишна возраст денеска го преплива Стрежевското Езеро кај Битола. Ова е 13. езеро во земјава кое го препливал или каде што имал настапи во маратонско пливање. Неговата замисла е да ги преплива сите природни езера и вештачки акумулации во Македонија.

„Ги сакам Македонија и пливањето. Имаме прекрасни дестинации за пливање и други спортови. Ако Хрватска има море, Србија реки, ние имаме прекрасни езера и треба да ги ползуваме за спорт и рекреација. Мојата цел е да го промовирам пливањето како еден од најздравите спортови, да го промовирам спортот и да им дадам мотив на младите што повеќе да спортуваат“, рече Илиев.

Со маратонско пливање активно се занимава 20 години. Денешниот му беше 93. маратон досега, од кои 71 меѓународен и 22 домашни. Во Стрежево пливаше во делот за рекреативци и патеката од околу седум-осум километри во двата правци ја помина за два и пол часа.

„Не ме загрижува тоа што Стрежевското Езеро е вештачко. Струењата не ги чувствувам, а денес беше посебно мирно“, рече лекарот.

Негов секундант беше Ќире Марков од Битола, долгогодишен маратонец, кој има испливано околу 30 маратони и 25 години е секундант на Охридскиот маратон. Под негово менторство, во Битола се изградија многу добри пливачи со шампионски титули на државно ниво, иако во градот нема затворен базен.

„Првпат доаѓам овде, иако сум од Битола. Слично како Крушевското езерце, и тоа е на висина, а водата топла. Во Битола преку лето тренираме во Олимпискиот базен. Иако немаме затворен базен, имаме шампиони на ниво на Македонија. Битолчанец освои трето место во маратонско пливање“, рече Марков.

Ж. ЗДРАВКОВСКА сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...