8.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНи Заев не успеа да изгради канализација во Арачиново

Ни Заев не успеа да изгради канализација во Арачиново

Во февруари 2020 екс премиерот Зоран Заев отиде во Арачиново за надзор на воведувањето канализација. Притоа Заев рече дека е задоволен од сработеното а еден од работниците рече дека за една година работите ќе завршат.

И по две години проектот за канализација и водовод не е завршен и немањето вода за пиење и натаму е главен предизвик за жителите на Арачиново.

„Ниту канализацијата не е пуштена, н а главните улици ги поставија цевките, но на помалите улици не, се уште не работи. Водоводот е запрен од минатата година и нема веќе“, вели граѓанин.

„Главен проблем е водата и канализацијата, тоа е главно, нема вода во Арачиново“, додава граѓанин.

„Водоводот…немаме водовод, ретко доаѓа в ода, немаме“, посочи граѓанин.

Новиот градоначалник на Арачиново вели дека системот за канализација и водовод е во алармантна состојба. Завршена е само првата фаза, ветувајќи дека ќе стори се са го реши овој дамнешен проблем на жителите.

„За жал, се уште е во алармантна состојба. Првите денови од мандатот и писмено ги известив институциите, во случајов и Министерството за животна средина и ЦУК, бидејќи навистина прашањето со канализацијата по првата фаза, или на главните улици каде е направена мрежата, мислам дека втората и третата фаза не се реализирани и мислам дека тука секако ќе треба и централната власт да го сфати сериозно ова прашање“, вели Ридван Ибрахими.

Во 2020 по неколку месеци во Арачиново повторно се собраа неколку министри заедно со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и екс градоначалничката Миликије Халими во надзор на градежните работи за канализацијата. Тие рекоа дека работите треба да завршат во март 2021 а за проектот владата издвои 1.7 милиони евра.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...