15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветДО СИТЕ ШОФЕРИ: Не го гасете автомобилот веднаш по брзото возење, се...

ДО СИТЕ ШОФЕРИ: Не го гасете автомобилот веднаш по брзото возење, се уништува турбината!

spot_imgspot_img

Наглото гасење на моторот по брзо возење, предизвикува топлотен шок за моторот и турбината!

Доколку сакате вашиот автомобил да трае и да биде без посериозни проблеми, од исклучителна важност е да се знае дека наглото гасење на моторот по брзото возење, предизвикува топлотен шок за моторот и турбината, бидејќи додека моторот работи турбината се лади со моторното масло, па со наглото гасење на моторот настануваат огромни температурни разлики во турбината кои предизвикуваат нејзино оштетување. Поточно турбината се загрева до 900 целзусови степени, а на оние автомобили кои имаат и “чип” се загреваат и до 950 степени, па при нагло застанување и исклучување на моторот, температурата на маслото, осовините и лежиштата на турбината остануваат со температура и до 500 целсузови степени, температури во кои маслото започнува да гори, се деформираат лежиштата и осовините, но и се затвараат каналите за ладење на турбината..

Screen-shot-2014-12-12-at-2.56.06-PM turbocharger-cross-section

Но проблемот е во тоа што турбината си има своја топла и ладна страна, односно место од каде што се снабдува со топлите издувни гасови и место каде што компресорот вшмукува ладен атмосферски воздух и го пушта во цилиндрите.. Односно се зголемува притисокот во челичното вратило кое ја пренесува енергијата од турбината на компресорот, со што од едната страна е вжештено, а од другата е делумно поизладено, па самото тоа предизвикува големи термички разлики и оптеретувања.

Па за да не дојде до искривување на осовините и лежиштата, најдобро е по брзо или долго возење најубаво е особено кај турбо дизел моторите пред планираното застанување со автомобилот да го намалите ритамот на агресивно и брзо возење и најбитното пред да го изгасите автомобилот оставете го во место да поработи барем една минута, со што турбината ќе има доволно време да се излади за да не дојде до преголем топлотен шок..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...