9.6 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаСветНа Велигден : Терор во Шри Ланка: Во 8 речиси истовремени експлозии...

На Велигден : Терор во Шри Ланка: Во 8 речиси истовремени експлозии најмалку 207 мртви и 400 повредени

spot_imgspot_img

Бомбашки напади во три цркви и три хотели во Шри Ланка за време на Велигден при што загинаа повеќе од 200лица и речиси 400 се ранети, соопшти медицинскиот персонал и полициски извори.

Директорката на Државната болница во Коломбо Саминди Самракон изјави дека знае за најмалку 20 смртни случаи и 280 повредени лица.

Портпаролот на полицијата изјави дека биле погодени три цркви и три хотели.

Најмалку два од хотелите и една од црквите се во главниот град Коломбо. Друга црква е во Негомбо, северно од Коломбо.

Еден извор од полициската бомбашка единица, соопшти дека една од експлозиите била во црквата Свети Антониј во Кочикаде, Коломбо.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Aashik Nazardeen@aashikchin

An explosion reported at the premises of the St. Anthony’s Church in Kochchikade Colombo

517 people are talking about this

„Нашите луѓе се ангажирани за извлекување на жртвите“, рече изворот.

Црквата Св. Себастијан во Катувапитја, Негомбо на својата страна на Фејсбук постави слики од уништената црква, на кои се гледа крв на столчињата и подот и побара помош од јавноста.

Извори од два водечки туристички хотели во Коломбо, исто така ги потврдија експлозиите но не дадоа никакви детали.

Досега никој нема превземано одговорност за нападите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...