14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветНеговите родители толку силно го истепале, што останало без двете нозе (ВИДЕО)

Неговите родители толку силно го истепале, што останало без двете нозе (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Паула Хаџел (52) , мајка на осум деца и нејзиниот сопруг Марк го посвоија петгодишниот Тони , кој уште како бебе бил толку многу тепан , што докторите морале да му ги ампутираат двете нозе.

И двајцата родители сега се во затвор на издржување казна од десет години. Но, Паула и Марк не се задоволни од ова, тие водат кампања за построги казни во Велика Британија за злоупотреба на деца и веќе го претставија таканаречениот „Закон за Тони“ во парламентот, пренесува Скај њуз.

Паула Хаџгел го опиша моментот кога за прв пат го видела Тони.

„Во 2015 година, социјален работник ме праша дали ќе може да посетам четиримесечно бебе во болница со скршени екстремитети. Мислев: „Тоа не е проблем, фрактурите се лекуваат“. Кога дојдов во болница и го видов тоа мало бебе, медицинската сестра ми ја покажа неговата медицинска историја и ми рече дека ќе му треба доживотна нега “, рече таа.

„Таа ми кажа дека во текот на период од пет недели, на детето му биле скршени сите екстремитети, дека му се дислоцирани глуждовите и прстите, дека има повеќе скршеници и дека десет дена не добил лекарска помош“, додаде таа.

„Тој добил сепса, неговите внатрешни органи почнале да пропаѓаат и тој завршил на интензивна нега. Ако лекарите не работеа толку напорно, тој немаше да преживее. Го одведовме дома. За една недела почна да се смее “, изјави Паула.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...