6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабаваПет години живеел како просјак, сега заработи над 100.000 долари

Пет години живеел како просјак, сега заработи над 100.000 долари

spot_imgspot_img

Андреј Јик скоро 5 години живеел како просјак, а парите што ги добивал ги штедел за да започне сопствен YouTube канал. Денес заработува 100.000 долари годишно.

Иако сега е познат јутјубер, патот до успехот не бил лесен за него, објасни тој за Business Insider.

Пред да почне да објавува едукативни снимки за личните финансии, работел како снимател на поучни видеа за правилно изведување магионичарски трикови.

„Со снимање и магија почнав сериозно да се занимавам на 19 години. Кога добив повик за снимање на филм и не се двоумев ни секунда. Тоа ми е исполнување на сонот“, објасни Андреј.

Неговите родители долго време работеле во циркус во Русија, пред да се преселат во САД.

Со доаѓањето во САД нашиот живот стана потежок. Иако се преселивме поради добра деловна понуда, по неколку години се најдовме во големи долгови. Мислам дека токму трагичната финансиска судбина на моето семејство е виновна за мојата денешна кариера“, додава момчето.

Откако 5 години учел како да управува со парите, кон крајот на 2018 година на сметката имал 20.000 заштедени долари. Во тој момент одлучил да ја напушти работата и да го објави првото видео.

Денес, една година подоцна, неговиот канал има над 323.000 претплатници, заработил над 100.000 долари што е 40.000 долари повеќе отколку што заработувал како снимател.

„Да, денес заработувам од реклами и бројни соработки, но првите четири месеци бележев големи загуби. Кога работите по 6 часа на истражување, па додајте 3 до 4 часа на снимање и 10 на монтажа, на крајот на месецот на сметката ќе ве дочека минус и тешко е да продолжите понатаму. Но, не се откажував. Сега гледам дека мојата упорност се исплати“, вели тој.

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...