16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев се предомисли, промената на имињата на училиштата во Чаир се законски

Заев се предомисли, промената на имињата на училиштата во Чаир се законски

spot_imgspot_img

Рече и порече – тоа е експремиерот и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев. Лесно се предомислува, лесно се демантира самиот себе. Се демантира, негира сопствени изјави, негодува дека погрешно е сфатен, а ги „тресе“на големо. Тоа се случи повторно – овојпат со една осетлива тема за јавноста – промената на имињата на училиштата во Чаир – припадник на УЧК го зеде местото на Никола Вапцаров. Вчера тој изјави декаодлуката со која се променети имињата на двете основни училишта во скопската општина Чаир од ОУ „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, а од Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Кемали“ е незаконска и треба да се повлече.

-Таа одлука треба да се повлече. Државните органи треба да ја проверат основаноста на регистрацијата на новите имиња на две основни училишта. Таа одлука според мене е незаконска“, изјави вчера Заев.

Тој нагласи дека не може таква одлука да се донесе врз основа на решение од некој училишен одбор.

Се знае како е законот. Законот моора да се почитува. Немаме намера да отвораме рани на какви било национализми. Правото треба од сите да се почитува, изјави Заев.

Но, денеска Заев со нов став. Како лидер на, како што самиот кажа немакедонска политичка партија, туку мултиетничка, денеска излезе со нов став. Другиот во него вели дека ова е сосема законски.

Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно. Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја. Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби. СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот – рече Заев.

Јавно

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...