13.9 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаАвстралијаМелбурн под целосен карантин, не работат ниту продавниците (ВИДЕО)

Мелбурн под целосен карантин, не работат ниту продавниците (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, каде веќе е воспоставен ноќен полициски час, најави нови ограничувања во индустријата, вклучително и трговијата и градежништвота, во очајнички напор да го спречи ширењето на вирусот.
Од среда навечер, повеќето продавници, некои производствени и административни услуги ќе се затворат во Мелбурн, како дел од шестнеделниот карантин што се очекува да зафати 250.000 работни места, е објавено денеска.

Поради состојбата во државата Викторија од вчера е воведена вонредна состојба, па затоа беше воведен полициски час во Мелбурн, меѓу другите места, од 20 до 5 часот наутро.

<

До неодамна, Австралија подобро се справуваше со вирусот од другите земји и има 18.361 лица заразени со 221 смртни случаи од ковид-19, но сега е изложена на ризик да ја изгуби контролата во државата Викторија, која воведе најстроги мерки до денес.

Соседните држави Нов Јужен Велс и Јужна Австралија воведоа нови мерки на претпазливост.

„Колку и да не боли поради затворањето на работните места, ние треба да го сториме тоа за да престане ширењето на овој заразен вирус“, рече премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, на денешната прес-конференција.

„Во спротивно , ограничувањата нема да траат шест недели, туку шест месеци“.

 

Производството на месо ќе се намали за третина и работниците ќе носат заштитна облека, а дел од градежните работи ќе бидат прекинати.

Супермаркетите ќе останат отворени, а можноста за земање храна од ресторани и доставување оброци ќе остане, но многу други продавници и услуги ќе бидат затворени.

Ноќниот полициски час во Мелбурн ќе трае шест недели, а на жителите на градот од пет милиони луѓе ќе им биде дозволено да излегуваат само на работа и потребните работи како набавка на храна и обезбедување грижа за болни и немоќни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“, пишува...

Донесен нов закон: Ќе може да се зема во исто време и пензија и плата.

За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола...

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...