11.1 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаАвстралијаНа плажа во Нов Зеланд најден кокаин вреден неколку милиони долари

На плажа во Нов Зеланд најден кокаин вреден неколку милиони долари

Новозеландската полиција соопшти денес дека во текот на ноќта нашла многу скап товар насанкан на популарна плажа во Оукленд.

Деветнаесет пакети кокаин во вредност од околу 3 милиони новозеландски долари (1,9 американски) биле најдени синоќа насукани на плажата Бетелс, одалечена 30 километри од центарот на градот Оукленд, соопшти полицијата.

„Полицијата со помош на царината спроевде детално пребарување на плажата и околните области за да ги најде сите пакети“, кажа детективот Колин Парментер.

Дрогата е спакувана во 19 кутии со големина на ВХС касета.

Постои мала веројатност на плажата да се појават уште пакети, па затоа ги молиме граѓаните да нѐ контактираат ако ги најдат“, додаде Парментер.

Според глобалното истражување за дрогите објавено претходно годинава, се наведува дека Нов Зеланд е најскапата земја за купување кокаин.

Истражувањето покажа дека Новозеланѓаните во просек плаќаат 375 долари за грам кокаин, што е речиси четири пати повеќе од цената за која истото количество се продава во Соединетите Американски Држави.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...