5.9 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаЕстрадаПејачката Јулија откри дека нејзината ќерка боледува од канцер: И ова утро,...

Пејачката Јулија откри дека нејзината ќерка боледува од канцер: И ова утро, сонце мајкино започнува со помислата на тебе… ќе го славиме твојот ден, твојот роденден, кој ти е дар од бога.

spot_img

Овој роденден се разликува од сите досега, зашто си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни престои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многу пати досега.

<

Ти нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет…секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор …

Ти, сонце мое и сега кога ги трпиш најголемите болки, велиш- ќе биде добро, ќе помине…свесна, присебна…велиш дури сега се соочив со стравот, дури сега го осеќам Божјото водство и знам дека ова е за мое најголемо добро…

Ќе се спријателам со канцерот и потоа ќе се поздравиме, како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат…

Љубов моја, нема да пишувам фермани, жалопојки, зашто доста испативме, но да ти ветам нешто малку е…ти знаеш, јас знам и те гледам како ПОБЕДНИК. Те сакаме со сето срце, јас и Стеф- пишува Јулија.

Преземено од Женски магазин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен градоначалникот на Кочани, но и двајцата негови претходници

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бил приведен од страна на полициски службеници, доцна попладнево. Според првичните информации, освен него, полицијата уапсила и негови претходници. Уапсен...

Мвр коси се пред себе: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено...

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.

Јп Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени. -Нашата спортска сала работи согласно сите прописи...

Последно збогум: Погребани членовите на групата „ДНК“ кои загинаа во пожарот во Кочани

Денеска беа погребани членовите на музичката група „ДНК“, кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, објави МИА. Пејачот на бендот,...