13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Македонија има длабока држава која гради омраза кон Бугарија -Љубчо со...

Во Македонија има длабока држава која гради омраза кон Бугарија -Љубчо со клевети кон Македонија ја започна турнејата низ Бугарија за зближување на односите

’Длабоката држава’ во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, во интервју за „Бгнес“.

„’Длабоката држава’ во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија, вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност, во суштина, тие не се сите Македонци“, вели Георгиевски.

Тој вели дека југословенската историографија ја признала македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата ѝ нанел тежок удар.

„Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија. Заев и Бојко Борисов треба да најдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување. Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија“, вели Георгиевски.

Тој вели дека има отпор во Македонија во однос на напорите да се дојде до договор околу историските прашања меѓу двете земји.

„Тоа е ситуација како кога Доналд Трамп се бори со невидливи структури. Многу добро се сеќавате дека кога бев премиер се борев на ист начин. Можам да кажам дека Зоран Заев и Стево Пендаровски како политичари даваат многу смели изјави за доближување кон Бугарија, но од другата страна има 40 професори кои велат дека преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат и дека Гоце Делчев е Македонец и дека не треба да се дозволува никакво поврзување на Гоце Делчев со Бугарија“, вели Георгиевски.

Георгиевски вчера во Софија имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Тој претходно најави дека ќе замине на турнеја за лобирање Бугарија да не ја блокира Македонија во преговорите со ЕУ.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...