18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонија''Цутиме'' Со гаранција од 300.000 евра излезе од затвор кумот на Никола...

”Цутиме” Со гаранција од 300.000 евра излезе од затвор кумот на Никола Груевски

spot_imgspot_img

Со гаранција од над 300 илјади евра Ристо Новачевски си ја „купи“ слободата во истрагата „Плацеви на Водно“. По нецели три месеци излегол од притвор, дознава ТВ24.

Двата стана во Скопје, одземениот пасош и обврската да се јавува судот биле доволни за да се обезбеди негово присуство, проценило Обвинителството кое дало позитивно мислење. Новачевски кој на јавноста е познат како кум на Никола Груевски со кого заедно се осомничени за перење пари, излегол од затворот после Нова Година, потврдија за ТВ24 и од Кривичен суд и од Обвинителството.

– По поднесено барање од страна на осомничениот Р.Н и добиено позитивно мислење од јавен обвинител од ОЈО-ГОК, судија на претходна постапка одлучи да биде прифатено барањето и осомниченото лице да излезе од притвор со гаранција. – велат од Кривичен суд.

Уште во октомври, Новачевски беше единствен за кого се бараше притвор, од вкупно шестмина осомничени меѓу кои и бизнисменот Орце Камчев. За останатите веќе имало други поблаги мерки, објаснија тогаш од Обвинителството. Образложението за Новачевски дека мора да оди во притвор беше стравот од бегство, да не побегне како кумашинот азилант во Будимпешта.

Истрагата за Плацевите на Водно се ближи кон крајот, брифираат извори од обвинителството. Земјиштето кои Никола Груевски го меркал и го купил за себе со 1,3 милиони евра, пари на партијата е под мраз, а според нашите извори во истрагата останал опфатен и друг имот. Ова за прв пат го откри државниот обвинител Љубомир Јовески во интервју за Тв24 во октомври.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...