9.6 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветТревога- Руски авиони прекинаа прес-конференција на НАТО во Литванија (ВИДЕО)

Тревога- Руски авиони прекинаа прес-конференција на НАТО во Литванија (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Шпанската влада објави дека неидентификуван авион предизвикал тревога и накратко ги прекинал изјавите на литванскиот претседател Гитанас Науседа и шпанскиот премиер Педро Санчез како дел од прес конференцијата на НАТО пренесува агенцијата АП.Шпанските медиуми објавија дека авионот бил руски, но владиното соопштение не го прецизира тоа.

Неименуван претставник на НАТО за АП изјави дека шпанските авиони полетале „со цел да ги идентификуваат двата авиони што влегле во областа на Балтичко Море“.

Според него, тие авиони биле два руски борбени авиони Су-24, кои се движеле североисточно.

„Тие два руски авиони не доставија план за летот, немаа вклучен транспондер на летот, ниту разговараа со контролорите на авиосообраќајот“, рече официјалното лице.

Науседа и Санчез зборуваа на конференцијата додека два авиони на шпанското воено воздухопловство „јурофајтер тајфун“ се наоѓаа зад нив во базата во литванскиот град Сиаулаи, кога безбедносните служби ненадејно ги прекинаа лидерите додека екипажите потрчаа во борбените авиони, покажаа снимките во живо од конференцијата за медиумите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...