9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаТетовчанец на 59 години со една рака вози такси за да обезбеди...

Тетовчанец на 59 години со една рака вози такси за да обезбеди парче леб: Молам патници за 30 денари да ги возам

Управување автомобил со една рака не е лесно. Но, преку работа како таксист, Елхам Бајрами обезбедува парче леб. Oвој 59 годишникот ја загубил левата рака во не среќа, и како резултат на тоа останал без работа. Институциите му ја прекинаа и социјалната помош.

Тој бара да му се врати помошта бидејќи дневно заработува само 300 денари, колку да преживее.

„Сега сум принуден да излезам со овој автомобил за парче леб затоа што имам две деца. Скоро сум 60 години, имам дете на девет години и дефинитивно морам да излезам тука и да ги молам патниците за 30 денари да ги одведам од селото во градот Куманово “.

Иако добивал социјална инвалидска помош, тој вели дека помошта му е прекината по две години при обнова на документите.

„Јас сум инвалид и кога бев на обнова на документите во 2019 година во мај, од тој ден, мојата помош за трајна попреченост беше прекината.

Кога бев на Комисија, таму ми рекоа зошто не работам! Реков дали може некој да работи со една рака?

Ми рекоа, мора да најдеш друга работа. Им кажав да ми најдат работа и јас сум подготвен да работам.

Јас 50 години се пријавувам во Агенцијата за вработување и тие никогаш не ми најдоа работа, сега кога станав инвалид, наводно се обидуваат да ми најдат работа “.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека одлуката ја донела комисија составена од експерти, а граѓаните можат да се жалат на одлуката.

„Проценка и мислење дава медицинска комисија, експерти за утврдување на неспособност за работа, основана од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

 

Државната комисија за одлучување во управната постапка и постапката за вработување одлучува во втор степен по жалбите против решението на органот на првостепениот орган.“

Во моментов, според Министерството за труд и социјална политика, 35.192 граѓани добиваат минимална социјална помош загарантирана со Закон. Гледајќи ги нивните официјални податоци за 2019 година, по стапувањето на сила на новиот Закон за социјална заштита, загарантираното право на минимална помош користеле 28.531 граѓани.

 

Иако стотици вакви случаи беа отстранети од списокот на социјална помош, државата не се обврзува да им најде работа со олеснителни околности, но тоа што го прави е да ги заведува во Агенцијата за вработување како невработени.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алса М ТВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...