9.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаЗабаваСиромашен дедо немал пари да си ја плати операцијата, па на докторот...

Сиромашен дедо немал пари да си ја плати операцијата, па на докторот му однел две кокошки за да му се заблагодари..

spot_imgspot_img

Дури и некогашната средна класа често едвај спојува крај со крај и не може да си го овозможи она што го можеле некои претходни генерации. И малкумина од нас можат нешто да преземат по тоа прашање, но затоа никој не нѝ забранува да имаме добра и чиста душа.

А дека тоа вреди многу повеќе од пари, сведочат и овие фотографии настанати пред неколку дена во Боливија. Истите ги објавил хирургот Алваро Рамало Замора, кој му ја оперирал простатата на еден неименуван постар човек.

Кутриот маж со загрозено здравје немал средства да ја плати операцијата, но потребните пари за зафатот ги донирало едно здружение.

Токму Замора бил тој кој го замолил здружението „José Ramallo Guillen“ да се „вмеша“ во случајот, па иако благодарение на тоа, старецот немал апсолутно никакви финансиски обврски, сеедно не сакал да остане должен. На хирургот му го донел сето она што го имал и што можел да го донесе – две кокошки. На тој начин му се заблагодарил.

Хирургот останал трогнат од тој негов гест, бидејќи се присетил на својот покоен татко и некогашен лекар кој исто така некогаш им помагал на лица со скромни примања.

Целиот случај трогна голем број луѓе ширум земјата, па така еден карикатурист им посветил и цртеж со наслов: Време на солидарност!

Извор:Toчка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...

Кандидатот за пратеник Д-р Александар Веслиески со честитка за престојните Велигденските празници.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита претстојните Велигденски...

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...