18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонија„Тик-токери“ се фалат како прават лажни сертификати, за тоа предупредуваат и лекарите

„Тик-токери“ се фалат како прават лажни сертификати, за тоа предупредуваат и лекарите

spot_imgspot_img

На социјалната мрежа „Тик-ток“ често се појавуваа видеа кои ги споделуваат млади и со кои се фалат како може да се направи лажен сертификат за вакцинација од корона вирус. Таков е и случајот, каде младо момче објави такво видео, но по извесно време неговиот профил беше избришан од оваа социјална мрежа. Факт е дека тоа го прават за да можат да ги уживаат привилегиите на вакцинираните, кои, согласно новите мерки можат да влегуваат во ресторани, кафулиња, трговски центри – наспроти невакцинираните за кои рестрикциите се на сила, а од вчера надлежните ги заострија мерките – да може да се влегува само со две дози вакцина или прележан Ковид-19 во последните 24 часа.

Дека младите неретко прават лажни сертификати постојано предупредуваат лекарите, кои повикуваат на поголема ажурност на инспекциските служби. Микробиологот д-р Никола Пановски предупредува дека младите влегуваат во ресторани и со туѓи сертификати.

„Луѓето, особено младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и слободно влегуваат каде сакаат. Четири месеци имунизирани со една доза влегуваа секаде иако немаа развиено имунитет во првите две недели по прием на дозата. Со самото тоа што сертификати добиваа лица кои немаа развиено имунитет, таа мерка немаше медицинска оправданост. Дури сега добива медицинска оправданост. Се разбира тие што примиле прва доза, веројатно примиле и втора. Затоа сметам дека за оние што до сега не се имунизирале, оваа мерка нема да има ефект, односно нема да ги натера да примат прва доза сега, ако до сега не примиле“ – вели Пановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...