14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаЗабаваЏамбазов: Четири години не пијам алкохол, јас ќе наздравам со вода.

Џамбазов: Четири години не пијам алкохол, јас ќе наздравам со вода.

spot_imgspot_img

Позната група „Нокаут“ и актерот и шоумен Игор Џамбазов, вчеравечер ги забавуваа скопјани на афтер-ворк забава во „Дежа ву“ во Ист Гејт Мол.

Малку музика, по некое вино и дружба е доволна парична да заживее градот, кој од вчера почнаа по малку да го украсуваат. Скопје досега никогаш не било потажно пред Нова година.

Забавата почна со диџеј Боби, кој ја загреа атмосфера со познати светски хитови, а потоа следеше настапот на „Нокаут“ со познатите рефрени на „Лебедот бел“, „Фатална опсесија“, „Позитиво“ и незаборавната „Телефонскиот број не постои“. Одлична атмосфера, насмеани лица, расположена публика. На сцената се појави и Џамбазов па ја отпеа „Една труба нон-стоп труби“ и „Диши длабоко”, за подоцна да се врати во некои убави времиња од деведесеттите со евергринот „Време за плачење”. Не заборави да ги боцне малку и битолчани со “Скопјанец во Битола”, но сето ова беше одлично спакувана журка во пресрет на Нова година и божикните празници. На Скопје полека му се враќа духот, оти две години речиси и да заборавивме на добрата музика, концертите и журките.

Покрај своите хитови и песни, Игор ја запеа и „Опасно сум вљубен во тебе“ од легендарниот музичар Драган Каранфиловски Бојс, која ѝ ја посвети на својата внука Марија, па вели: „Таа е онаа која одговара наместо мене на Фејсбук“.

Кон крајот на својот настап, Џамбазов наздрави со вода, велејќи дека за нецели две недели ќе прослави четири години како не пие алкохол. И публиката му наздрави, со чашка вино и му даде поддршка да истрае и да остане и понатаму трезен. За крај ја отпеаја песната “Во бестрага”, која ги разнежни скопјани дојдени на концертот на Нокаут.

Скопје повторно почна да дише во ритамот на добрите забави. Веројатно фали да биде украсен градот, кој за жал, се уште е во некое сивило, без уличните празнични светилки кои го најавуваат доаѓањето на Новата година.

Извор:Reporter

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...