17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаЗабаваАнкета:Фејзбук најлошата компанија во светот за 2021 година- Корисниците се жалат на...

Анкета:Фејзбук најлошата компанија во светот за 2021 година- Корисниците се жалат на строгата цензура!!

Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета е „најлошата компанија” во светот за 2021. Ова е утврдено по гласањето на повеќе од 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance).

Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант на електронска трговија Алибаба.

Добивањето на придавката „најлоша” за Фејсбук најмногу се должи на тоа што корисниците на таа социјална мрежа се жалат на цензура и проблемот со дезинформациите, посебно во однос на коронавирусот. Дел од корисниците ја критикуваа компанијата за „поткопување на глобалната демократија и придонес за растот промоција на крајнодесничарскиот екстремизам”. Многумина од целиот свет ја обвинуваат апликацијата за споделување фотографии на страниците на Инстаграм, кои според одредени истражувања, имаат штетно дејство врз менталното здравје на младите луѓе.

Сепак, речиси 30 отсто од испитаниците веруваат дека Фејсбук/Мета сè уште може да се спаси. Корисниците наведуваат дека најдобар начин за тоа е фирмата да ги признае грешките, јавно да се извини и да донира значителен дел од профитот на некоја фондација која се бори против онлајн насилство врз малолетници.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...

Излезеноста е над 40%, Македонија постигна цензус!

Државната Изборна комисија излезе со најновите информации за излезноста на двојните избори до 17 часот. За претседателските избори излезноста е 42.32%, додека за парламентарните 46,93%. Вкупно...

Артан Груби не зел ливче за претседателските избори..

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил се вклучи во живо во моментот на пристигнување на избирачкото место во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ во скопски...