19.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаИгор Стојчевски, aктерот кој го игра ликот на Тони Бузалевски-Се случуло луѓето...

Игор Стојчевски, aктерот кој го игра ликот на Тони Бузалевски-Се случуло луѓето да помислат дека навистина сум геј, иако не сум. (ВИДЕО)

Актерот Игор Стојчевски, кој го игра ликот на Тони Бузалевски во „Преспав“, шест сезони успешно се носи со улогата на најмалиот брат во пансионот. Особено препознатлив по своите европски сфаќања во серијата, глуми дека е во љубовна врска со готвачот Марио, кој го игра актерот Васил Зафирчев. Но, ова е само дел од сценариото, а кога ќе се исклучат камерите приказната е поинаква.

Игор е вработен во Драмскиот театар во Скопје. Професионален актер кој зад себе има бројни улоги во театарот и на филм.

Беше асистент по сценски движења и танци на ФДУ, а малкумна знаат дека е несуден елетротехничар, кој за да не оди во војска, запишал една година на Машински факултет.

Во интервју за „Репортер“ тој првпат зборува за себе, за приватниот живот и за улогата на Тони, заради која некогаш мора да докажува дека приватно не е геј.

„Не сум чул негативни кометари директно, да ме застане некој и да ми каже. Не било проблем да одиграм каква било улога, па и геј двојка, ама не е тајна дека имам проблем кога луѓето приватно те поистоветуваат со улогата. Се случува да мислат дека сум геј, иако не сум. Неодамна еден мој пријател разговарал со една девојка, ме спомнале, па таа рекла, ама остај тој е геј, па мојот другар ѝ рекол, ама не, не е, слободно ќе те запознаам“, искрен е Стојчевски, кој првпат јавно зборува за себе.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...